Велигденското зајче е симбол за Велигден.
Во целост ви го пренесуваме рецептот од лице кое успеало да го направи овој рецепт, токму ваков на сликите.
Велигден е и во глава ми се вратат илјадници комбинации за украсување на масата, за бојадисување на јајцата и за сите можни декорации кои сакам да ги направам за овој празник. Велигденскиот зајак е еден од симболите на овој празник па како декорација се решив да направам еден таков од тесто.
Уште пред да почнам да го правам сметав дека е супер идеја, но ме плашеа две работи. Првата е што ќе се случи кога тестото ќе нарасне, мала е шансата дека ќе ја задржи формата која сакав да ја постигнам и втората работа е да не ми испука тестото при печењто, бидејќи и на тој начин ќе ја изгуби формата. Се водев од мотото дека ако не пробам нема да дознаам. Прво го стопив маргаринот и го оставив да се олади. Сувиот квасец го ставив во млекото и му додадов една лажичка шеќер и една лажичка брашно. Потоа маргаринот и млекото со квасецот ги ставив во брашното, додадов сусам и го ставив јацето. Па сето тоа го месев додека не добив убаво компактно и мазно тесто од кое подоцна го изработив Велигденското зајче.
Тестото и го поделив на два дела. Од едниот дел го направив торзо на зајчето а од другиот дел ја направив главата, ушите, нозете, рацете машничката, очите, носето, забите и трегерите. Важно да кажам е дека го спојував директно на тавчето за печење. Второто јајцето го поделив на жолчка и белка. Со белката ги премачкав сите делови кои се сопјуваат со телото на Велигденскиот зајак за да не се одвојат при печењето. Со жолчката го премачкав целиот зајак за да добие убава боја. Панталоните му ги наросив со афион за да се издвојуваат од телото а на крајот во жолчата ставив црвен пипер за да се истакне и машната на зајчето. Две биберчиња ставив на местото на очите а останатите две ги ставив како копчиња на трегерите. Секоја шапгета ја искршив на три дела и ги премачкав со жолчка. Веднаш ги ставив на зајакот за да се печат со него и да добијат темна боја.
Тестото се печеше 20-на минути на добро загреана рерна, и тоа е тоа печено, вкусно и интересно. Имајте добар апетит и подготвени дочекајте го Велигден!