Терариумот може да биде прекрасен детал во ентериерот, а не само обичен дом за вашата желка. Тие се доволно мали за да може да ги ставите било каде – на масата, во плакарот, на канцелариското биро.
За да ги направите уникатни ви предлагаме неколку идеи како да ги декорирате на лесен начин. Се разбира и не мора да имате некое животинче во него, со разните билки и украси овие садови изгледаа убаво и „празни“.