Направете сами свој освежувач за воздух

Наместо да трошите пари на спрејови кои го освежуваат просторот, а и штетат на планетата и имаат адитиви штетни за здравјето на човекот, зашто не би направиле самите сопствен освежувач од природни состојки и со мирис по ваша желба.

Состојки:

1. Мала боца со спреј пумпа

2. Мала инка

3. ¼ чаша вотка

4. 1 лажичка вода

5. 20 капки есенцијално масло по ваш избор

6. Свежи билки (на пример рузмарин)

Упатство:
Набавете ги сите состојки за правење освежувач. Било кој вид на вотка ќе биде од корист, па дури и оние со овошен вкус. Измерете ја потребната количина вотка и сипете ја во шишенцето. Потоа додадете вода.

Прочитајте и:  Внимание: Како се справувате со аерозагадувањето и што најмногу го загадува воздухот?

За да би креирале свој личен освежувач, додадете и 20 капки етерично масло кое вам најмногу ви се допаѓа, а можете да направите и сопствена мешавина од мириси.

Доколку сакате да додадете уште еден слој мирис, по желба секако, во шишенцето додадете свежи бикли (лаванда, рузмарин, мента итн.). Ваквиот мирис со свежи билки ќе станува поинтензивен со текот на времето.

Затворете го шишето, промешајте и испробајте го новиот освежувач за простор кој воедно дезинфицира и не ја загадува околината.

- Реклама -