Направете сами шампон против првут и за забрзување на растот на косата

Освен малку време, за подготовка потребни ви се AD витамински капки, концентрирани капки од коприва, пантенол раствор и половина литар бебешки шамон од коприва.За вашата коса да биде здрава морате да ја чувате и негувате, од површината, до нејзината срж. Освен шампоните кои се купуваат, а можеби нема да ви одговараат бидејќи поттикнуваат првут, премногу се силни или благи, ви нудиме решение, за кое ви се потребни неколку состојки и малку време.

За рецептот кој се покажа доста добро во борба против првутот и забрзување на растот на косата, потребни се материјали кои можете да ги набавите во било која аптека.

Состојки: 1 бебешки шампон од коприва, 1 боца АД витамински капки, 1 боца концентрирани капки од коприва, 1 боца пантенол раствор.

Во посебно шише ставете ги состојките, добро промешајте и измијте ја косата на вообичаен начин.

 

- Реклама -