Можеби многумина се уште сметаат дека новогодишната ноќ и празниците се далеку од нас, но доколку убаво погледнете во календарчињата, ќе забележите дека уште само три седмици не делат од заокружувањето на изминатата година. Затоа, не е лошо со време да започнете да размислувате за тоа какви се новитети ќе внесете оваа година околу декорирањето на вашиот дом.
Празничниот дух секогаш подобро се доживува кога сме опколени со празнични декорации: елки, лампиони и светилки, а доколку сте ги направиле самите, е тогаш е уште поголемо уживањето.
Во продолжение ви прикажуваме 20 одлични идеи за украси кои иако на прв поглед можеби ќе ви изгледаат комплицирани, сепак, се мошне едноставни за правење. Резултатот пак е фантастичен.