Направете миризливи свеќи од школки

Собирањето школки на многу од нас ни е најдрага морска занимација кога сме на одмор. За да не ви фаќаат прашина кога ќе се вратите од летување, искористете ги школките за да направите летни миризливи свеќи. За тоа ќе треба да одвоите буквално 5 минути слободно време.

1

Потребен прибор:

Отворени школки
Парафин
Фитил
Етерично масло по желба

998194_593463890675276_87961614_n

Постапка:

1. Во сад на тивок оган стопете го парафинот
2. Кога ќе се стопи ставете го во школките
3. Додадете неколку капки етерично масло
4. Претходно исечениот фитил на соодветна должина ставете го во парафинот и причекајте да се стврдне

Свеќата е готова!

854674_original

- Реклама -