Направете домашен балсам за коса

Сите сакаат здрава и сјајна коса, па ретко да постои жена која не користи балсам за да го постигне тоа.Балсамите за коса делуваат како заштитни покривки за секое влакно поединечно. Косата ни станува помека и поздрава по миењето со балсам, па  оттука  ви нудиме неколку рецепти  со кои можете да направите балсам во домашна атмосфера :

Балсам за коса со авокадо

[youtube]http://youtu.be/qK1cmog7j08[/youtube]

Авокадото е идеален избор за луѓе со сува коса и „расцутени“  врвови. Измешајте  масло од авокадо со маслиново масло или лаванда, и  намачкајте го обилно темето  на главата . Масирајте неколку минути и оставете да отстои половина час .

Балсам за коса со јаболков оцет

oikm(1)

Јаболковиот  оцет помага  при растот на косата и ја прави мазна и мека . Измешајте половина чаша јаболков оцет со половина чаша вода и впијте ја  со оваа смеса темелно косата пред капење . Оставете ја така неколку минути и потоа измијте ја косата со шампон.

Балсам за коса со мед и маслиново масло

dty

Комбинацијата од мед и маслиново масло го потхранува коренот и го отстранува сушењето на кожата. Измешајте мед и маслиново масло еден спрема еден , по желба додадете и малку бадемово масло и масирајте со добиената смеса. Оставете да отстои така половина час и измијте ја  косата со шампон .

- Реклама -