Направете „чистка“ на плакарот во само шест чекори

Сите ние имаме по некое парче облека кое сме го добиле како подарок или сме го купиле за „кога ќе ослабам 10 кила“ или за „кога ќе одлучам да одам на отмена вечера“.

Некаде длабоко во себе сме свесни за таа облека никогаш нема да ја носиме, но тешко ни доаѓа да ја фрлиме во ѓубре. Нема потреба да се чувствате виновни, па нека почне големата „чистка“.

Значи, кога ќе го отворите плакарот, секое парче облека земете го во рака и поставете си ги следниве прашања:

 

1. Дали ми се допаѓа ова? Навистина?

Ако одговорот е да, одете на прашањето број два. Но ако одговорите негаривно, ослободете се од тоа парче облека. Донирајте ги во добротворни цели, во некоја организација за размена или донирање на облека, или продадете го онлајн.

2. Има ли некакви дамки на облеката?

Ако одговорите негативно одете на прашањето број три. Ако има дамка, дали може лесно да се отстрани? Дали тој предмет навистина заслужува одвоено време и пари потребни за хемиско чистење? Дали дамките пот под пазувите се привремени или трајни? Ако се, фрлета ја.

3. Дали е износено?

Ако е, веднаш фрлете го. Ако пак не е, продолжете на следното прашање. Но, внимавајте да не паднете во стапицата на купот за „облека по дома“. На крај може да се случи да имате десетина парчиња „за по дома“ и три за надвор. Не ги трупајте алиштата што ги носеите дома, бидејќи пак ќе завршите со преполни плакари.

4. Дали е скината или истегната?

Ако не е, одете на следното прашање. Ако е, обидете се кај кројач дали може да го реши проблемот.

5. Дали ми е точна?

Ако е, супер, одиме понатаму. Но ако не, можеби најпаметно е веднаш да се ослободите од ова парче облека. Всушност, нема ништо полошо од „некогаш супер ми стоеше, ќе ми стои пак“. Една работа е ако е одличен фустан кој кројач треба само малку да го прилагоди, но ако станува збор за фустан кој е шест броја помал, не си давајте лажна надеж.

6. Кога последен пат сте го носеле ова?

Ако некои парчиња облека сте ги носеле во последната година дена, тогаш има зелено светло, но ако сте дошле до шестото прашање, а некои алишта не сте ги облекле веќе неколку години, оставете ги на страна. Ако и понатаму е добро парче облека, кое моментално не ви одговара, нема смисла да завзема место во плакарот ако не го носите. Ставете ја во кутија или вреќа означете ја, па за година дена видете како се чувствувате за тоа парче облека. Ако и понатаму нема да го носите, ослободете се од него.

- Реклама -