Направете 9 литри домашен сок од само 4 портокали

Евтин, домашен и вкусен. Звучи неверојатно, додека не прочитате како. Не само што ќе добиете голема количина, туку оваа домашна варијанта е многу подобра од нејзините „конкуренти“ по маркетите, полни со конзерванси.

Потребно ви е:
– 4 портокали
– килограм шеќер
– лимонска киселина
– 9 литри вода

Подготовка:
За почеток, портокалите измијте ги и прелијте ги со зовриена вода, за да ја остраните горчината. Потоа избришете ги и ставете ги во ладилник на околу 2 часа. Потоа извадете ги, исечете ги и сомелете ги во машина за мелење месо. Добиената смеса прелијте ја со 3 литри оладена вода и оставете ја да отстои околу 10 минути.
Процедете ја смесата со цедилка, па во добиениот сок додајте 6 литри вода, шеќер и лимонска киселина. Мешајте додека шеќерот не се растопи, а можете и да ја оставите смесата да отстои уште еден час.

Сокот е готов, а ви останува само да ги наполните шишињата и чашите.

- Реклама -