Наполи на чело во Серија А, Клозе призна гол со рака (видео)

Наполи, тимот на Горан Пандев, му се придружи на шампионот Јувентус на делба на првото место во Серија А по убедливиот триумф над Лацио од 3:0, со хет-трикот на Единсон Кавани.

Уругваецот одигра фантастичен натпревар и буквално сам ги совлада „Лацијалите“, а Пандев беше стартер и играше до 69.минута од средбата кога беше заменет од Инсиње.

Токму над овој фудбалер беше направен пенал, а Кавани пропушти да постигне уште еден гол, шутирајќи над голот од 11 метри.

По пет одиграни кола, Наполи има 13 бодови, засега е без пораз, и го дели првото место со „Старата дама“. Во ова коло конечно победија и Милан и Интер. Милан на домашен терен го совлада Каљари со двата гола на Ел Шарави, а Интер славеше со 0:2 на гости против Киево, со погодоците на Переира и на Касано.

На почетокот од четвртата минута од мечот, Клозе постигна гол со рака, а по протестите од противничките фудбалери, тој му призна на судијата дека направил недозволен потег, по што голот беше поништен.

{youtube}FaHfPeVdTxo{/youtube}

- Реклама -