Наполи триумфираше синоќа на претпоследниот натпревар од 14. коло во италијанскиот шампионат на гостувањето против Каљари, минимално со 0:1.
Словакот Марек Хамшик ги донесе „Наполитанците“ до значајни три бода во трката за шампионската титула, реализирајќи во 73. минута од натпреварот.
Како и што беше најавено претходно, Горан Пандев, поради сѐ уште недоволната опоравеност од повредата, воопшто не беше во комбинација за настап.
По овој триумф и по поразот на Интер од Парма, Наполи се искачи на втората позиција на само два бода од водечкиот Јувентус.