Шпанците Виктор де Тена и Франсеск Бонет одлучиле да им помогнат на своите сонародници кои страдаат од несоница, за и тие еднаш да можат да ја доживеат прочуената шпанска сиеста (попладневна дремка). За таа цел, двајцава пуштија онлајн канал со намерно досадни видео содржини.
„Секој од нас се сретнал со несоницата. Телото сака да се одмори, но вашиот ум збеснува. Потребно е да го смириме мозокот. Napflix е видеоплатформа каде што можете да најдете лесна и приспивна содржина која ќе ви помогне да се опуштите и да заспиете“, објаснуваат креаторите.
Така, на ТВ каналот ќе најдете видео од печени пилиња како се вртат на ражен, финале во шах од 2013-та, трки од Формула 1 од времето кога Шумахер беше шампион, натпревари во крикет, пренос од трка на Тур Д Франс од 1992 година, документарец за јаболки, па и тест програма (оној кругот со шарени коцки што го гледате кога нема ништо на програмата).
Во сета таа разновидност на видео материјалите, ќе најдете и релаксирачки видеа со бранови кои се разбиваат на некоја тропска плажа, шум на дожд, крцкање на оган во камин или 8-часовен филм кој прикажува горење на свеќа.
Звучи забавно? Нормално дека не. Повелете ТУКА.