Направете сами: украсни и миризливи свеќи

Доколку сакате оригинални свеќи за декорирање на домот или работниот простор следнава идеја ќе ви биде добредојдена.

Свеќите инспирирани од шумските мотиви се одличен начин да внесете пролетна свежина во вашиот простор. За истата цел одберете и етерично масло кое ќе има свежа арома.

Еве како да ги направите „шумските“ свеќи во домашни услови!

Потребно ви е:

254-600x433

стаклена чаша
неколку обични парафински свеќи
етерично масло по желба
зелени исушени ливчиња од растенија
долго стапче (може и молив)
ножици
лента или конец за декорирање

1. Ги кршиме белите парафински свеќи и го вадиме фитилот. Можете да искористите и парчиња од веќе користени свеќи, а за фитил да земете најобичен не толку тенок конец.

352-600x459

2. Извадениот фитил го приврзуваме на стапчето кое го ставаме врз чашата како што е прикажано подолу на сликата.

448-600x426

3. Зелените ливчиња ги навлажнуваме во вода и ги прилепуваме на ѕидовите на стаклената чаша.

541-600x425

4.Парчињата од свеќата ги ставаме во метален сад и ги растопуваме на пареа на оган. Во смесата додаваме неколку капки од етеричното масло. Доколку сакате свежа арома на овие свеќи додадете масло од ментол, еукалиптус, алое вера, чајно дрво…

6-1-600x370

5. Кога ќе се растопи восокот го промешуваме и го додаваме во стаклената чаша и оставаме да се олади. За побрзо ладење можете да ја ставите чашата во фрижидер. По еден час свеќата
е готова.

734-600x453

6. Свеќата во чашка може од надворешната страна да ја украсите со панделка од конец по ваш вкус.

- Реклама -