Во текот на ноќта и утрово нападнати и оштетени се пет џамии во Бирмингем, пренесуваат британските медиуми. Првиот повик полицијата го примила во 2:30 часот по локално време, кога ѝ е јавено дека непознато лице со токмак ги разбило прозорите на џамијата на Бирчфилд Роуд. 45 минути подоцна, повик добиле за уште два слични напади, а последниот бил во 10 часот изутрината, на улицата Алберт Роуд.
Полицијата од West Midlands соопшти дека мотивот за нападот е непознат и дека во истрагата е вклучена и единицата за анти-тероризам.
„Шокиран бев кога сфативме што се случило. Сега се појави страв меѓу нас муслиманите и некои од нас денес рекоа дека нема да ги доведат своите деца во џамија бидејќи веќе не е безбедно“, вели Јусеф Заман од џамијата Масјид Фаизул Ислам во Астон.
„Искршени се сите прозори од предната страна, сите шест“, велат од џамијата Witton Islamic Centre во Астон.
Unfortunately the Witton Road Islamic Centre was attacked overnight by an individual who used a sledgehammer to break the windows.
I said last week that Muslims were afraid after the terrorist attacks in #ChristChurch
We need support in Brum @WMPolice. pic.twitter.com/7RjTqjRXbx
— Cllr Majid Mahmood (@CllrMajid) March 21, 2019
Бирмингемските џамии, во заедничко соопштение, пишуваат дека се ужаснати од информацијата и истакнуваат дека тоа се место за Бога и спокој, мир и тишина, а не за насилство и омраза.
Нападите доаѓаат само една недела по нападот на двете џамии во Крајстрчр и само неколку дена откако Саџид Џавид – британскиот секретар за внатрешни работи, најави мултимилионска парична помош за џамиите со цел подобрување на безбедноста како последица на нападите во Нов Зеланд. Тој вети пари за обезбедување и заштита на местата каде што се практикува религија, вклучително џамиите, и дека до следната година цифрата ќе се дуплира на 1.6 милиони фунти. По барање на Муслиманскиот совет на Британија (MCB) за зголемено фундирање на заштитата во очи на зголемената закана од екстремно-десничарски напади, тој вети и нов фонд од 5 милиони фунти за безбедносни тренинзи.