Полицијата во Темпе соопшти дека полицајците одговориле на повиците од работниците и дека виделе нешто што изгледало како пукотници низ предните прозорци на канцеларијата
Синоќа, кратко по полноќ, била нападната канцеларијата на американската потпретседателка и кандидатка на демократите за претседател Камала Харис во Аризона.
Инцидентот се случил само неколку дена пред Харис да ја посети Аризона за време на претседателската кампања.
Полицијата во Темпе соопшти дека полицајците одговориле на повиците од работниците и дека виделе нешто што изгледало како пукотници низ предните прозорци на канцеларијата што ја делат членовите на персоналот на Демократската партија во Аризона, на кампањата на Камала Харис и на Сенатот и Претставничкиот дом за да се зголеми партиската излезеност на изборите во ноември.
„Никој не бил во канцеларијата во текот на ноќта, но ова предизвикува загриженост за безбедноста на оние кои работат во таа зграда, како и на оние во близина“,
изјавил портпаролот Рајан Кук.
Шон Мекинерни, менаџер на кампањата на Демократската партија, го потврдил инцидентот.
„Во текот на ноќта, неколку истрели беа испукани во нашата канцеларија за кампања која ја води Демократската партија во Темпе“,
рекол Мекинерни и потврдил дека немало повредени во нападот.
Харис треба да пристигне во Аризона во петок што ќе биде нејзино прво патување таму.