Двесет и петгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде работела, била физички нападната.
Како што информира МВР, А.И.(25) од Скопје вчера пријавила дека околу 5.45 часот на Меѓународен аеродром во Скопје, каде била вработена во делот на прифаќање на патници во ТАВ, била физички нападната од Е.Н.(47) од село Дебрешта.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.