Нападнат грчки товарен брод во Црвеното Море

Грчки товарен брод е нападнат во Црвеното Море на пат кон Суецкиот канал, соопштија грчките и британските власти.

Грчката крајбрежна стража за ДПА потврди дека било пукано врз грчкиот товарен брод Зографија. На бродот има 24 членови на екипажот од непозната националност, од кои никој не е повреден, соопшти крајбрежната стража.

Бродот, кој плови под малтешко знаме, е оштетен, но можел да продолжи по својата оригинална рута кон Суецкиот канал.

За инцидентот, преку социјалната медиумска платформа Х, прва јави Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО), која ги надгледува водите на Блискиот Исток.

- Реклама -