Тајната на наочарите на Леонард од Big Bang Theory

Скоро цели 10 изминати сезони од Big Bang Theory, а тотално е можно да не ја знаете приказната за наочарите на Леонард.

Во сон да ве прашаат ќе ги знаете сите карактерни црти на Шелдон и екипата. Ама ако ви кажат дека на очилата на Леонард – кои ги носи уште од прва епизода, им фали еден важен детал, сериозно ќе се замислите. Деталот е…

Немаат стакла.

CBS animated GIF

Некои хардкор фанови, оние што висат по Big Bang Theory форуми, одамна се сомневаа во тоа. Мистеријата ја решава Build Series, кои во интервјуто со Џони Галецки (Леонард, де) отворено му го поставија прашањето, без да ги лази мува дали ќе ја „уништат магијата“ на серијата. Сепак, Галецки не се обиде да сокрие.

Првичната идеја на продуцентите била Леонард воопшто да не носи наочари, ама Галецки е заслужен што тоа се сменило. Дечкото има многу лош вид и во приватниот живот, па на сите проби (траеле недела и пол, непосредно пред снимањето) носел наочари. Кога дошло време да се снима, продуцентите го прашале: „А нема да ги извадиш?“. Галецки се побунил и рекол дека смета дека ликот на Леонард подобро ќе го биде со наочари. Очигледно, продуцентите се согласиле.

Арно ама, бидејќи Џим Парсонс (Шелдон) е многу повисок од Галецки, во нивните постојани меѓусебни препирки Леонард мора да гледа малку нагоре. А кога гледал нагоре, на стаклата се забележувал отсјајот од рефлекторите на сетот.

„Брзо ги извадив стаклата и ставив леќи. Ете тоа е филмската магија“, вели Галецки.

Имало и еден интересен момент кога за време на снимањето, продуцентите и тимот почнале да се смеат. Галецки се чудел што е работата, па му кажале дека си го почешал окото со прст низ рамката на наочарите.

- Реклама -