Наноцветовите можеби нема да ја воодушеват вашата девојка, но истражувачите велат дека овие молекули кои излгедаат како цветови, кои се толку ситни што е потребен електронски микроскоп за да ги видите, би можеле да бидат корисни за други работи.
Предметите се составени од протеин затворен во „листови“ од бакарен фосфат. Покрај тоа што изгледаат убаво овие листови вршат две важни функции. Прво, стабилизирање на протеинот за да се спречи негово разложување. Второ, ако протеинот има каталитички својства – ако забрзува други хемиски реакции – неговото затварање во наноцвет го прави поефикасен каталист.
Тоа значи дека наноцвет катализаторите работат подобро и траат подолго отколку голите протеини. Истражувачите пресметале дека, во моментов, тие би можеле да ја подобрат брзината и прецизноста на тестот за феокромоцитома, редок тумор на адреналинската жлезда. Тестот опфаќа мерење на нивото на хормонот епинефрин во урината на пациентот и научниците би можеле да употребат наноцвет како подобар каталист за детекција на хормонот.
Тие додаваат дека во иднина наноцветовите би можеле да бидат користени за детекција на токсично загадување во одводот на фабриките на начин кој би бил многу поефиксаен од методите кои моментално се користат. [Nanoflower isn’t just for looks]