Нано-чорапи против лошата миризба на стапалата

Повеќе... Рускиот научник Владимир Руденов тврди дека го открил лекот за непријатната миризба на стапалата, тоа се чорапи во кои се вметнати нано-честички од сребро.

Рускиот научник Владимир Руденов тврди дека го открил лекот за непријатната миризба на стапалата, тоа се чорапи во кои се вметнати нано-честички од сребро.

Според Руденов, кој е физичар, во науката е познат фактот дека среброто ги убива поголемиот број видови бактерии, а бактериите се оние кои ја предизвикуваат лошата миризба на стапалата. Така овој научник, добил идеја да направи чорапи во кои ќе вметне нано-влакна од сребро. Овие чорапи направени со помош на нанотехнологијата се продаваат по 10 долари за пар.

{youtube}CsQL8u5oR0g{/youtube}

- Реклама -