Дали Нани ќе се пресели во Русија?

Рускиот Зенит е подготвен да плати повеќе од 32 милиони евра за португалскиот репрезентативец Нани кој сè уште не се изјаснил дали сака да го продолжи договорот со Манчестер Jунајтед.

„Точно е, заинтересирани сме за Нани“ – изјави тренерот на Зенит, Лучјано Спалети. Сепак, Русите наведуваат дека не се подготвени да понудат повеќе од 32 милиони евра. „Би било одлично да го доведеме, но ако Манчестер Jунајтед бара повеќе пари тогаш нема ништо од договорот.

Навистина не сме подготвени да подготвиме повеќе пари, а мислиме дека понудата е повеќе од пристојна“ се вели во соопштението на рускиот клуб. Нани на Олд Трафорд пристигна во јуни 2007 година од Спортинг Лисабон токму за нешто повеќе од 32 милиони евра.

- Реклама -