Намирници против мачнина при патување со автомобил

Некои луѓе немаат никакви проблеми со возењето, се чувствуваат целосно спокојно, не чувствуваат гадење, па дури и можат да спијат на пат. За други пак, возењето автомобил е вистински кошмар и предизвикува немир во стомакот. Доколку спаѓате во таа група на луѓе, овие намирници можат да ви бидат од голема помош.

Кога станува збор за кратки но и подолги дестинации, автомобилот е најчестото превозно средство, а според мислењето на многумина и најудобното односно патувањето секогаш може да се прилагоди на можностите и личните желби. Но она што понекогаш ја расипува идилата е мачнината што се јавува при возење, особено кога поминувате низ кривулести патишта или кањони. Навистина, постојат одредени лекови кои можат да го смират чувството на гадење, но секогаш е подобро прво да пробате природни лекови. Повеќето од нив можете да ги купите во вашата најблизок маркет.
Ѓумбир и камилица
Доколку знаете дека најчесто се мачите додека се возите, најдобро би било пред патувањето да испиете една или две капсули екстракт од ѓумбир, кој ќе го смири желудникот и ќе спречи појава на гадење и нагон за повраќање. Не е лоша идејата за патување да подготвите (леден) чај од камилица, на кој ќе додадете малку ѓумбир – на овој начин ќе останете хидрирани додека возите, а во исто време ќе го одржите потребното ниво на смирувачки состојки во телото .
Чај од нане или освежителни бонбони со вкус на ментол
Редовното консумирање на незасладен или малку засладен чај од нане, за кој научно е докажано дека помага во борбата против дигестивните проблеми и синдромот на нервозно дебело црево, може да биде многу корисно за време на патувањата со автомобил. Бидејќи дури и мирисот на нане може да биде добар за спречување на гадење, освежителните бонбони со вкус на ментол се исто така одличен избор за патувања со автомобил.
Крекери и ореви
Храната која е богата со скроб, како крекерите, многу добро го смирува чувството на „варење“ во желудникот, а воедно е и доволно хранлива, така што нема да гладувате на пат. Освен тоа, крекерите не се премногу „тешки“, па нема да се чувствувате надуени во стомакот. Што се однесува до оревите, тие се богати со протеини, кои се добар извор на енергија. Единственото нешто што не треба да се прави е да се претера, ниту со едното ниту со другото.
Банани и многу вода
Наместо да јадете чоколадо кое е полно со шеќер, подобро е да се одлучите за банана, која освен што е здрава и вкусна, богата е и со скроб и калиум. На овој начин ќе спречите мачнина и ќе останете сити барем на кратко. И секако, најважно е да пиете многу течности додека се возите. Доколку не сте љубител на чаеви од ѓумбир, камилица или нане, задолжително пијте вода – обична или газирана.

Извор