Одредени намирници од растително потекло имаат неверојатна моќ за одржување на тонот на кожата, благодарение на витамините и антиоксидансите. Со консумирање на овие намирници може да се зголеми еластичноста на кожата, што придонесува за намалување на постоечките брчки и спречување на нови. Во продолжение, кои се тие намирници:
Црвена пиперка
Овој зеленчук е богат со витамин Ц, кој е природен антиоксиданс и го поттикнува природното производство на колаген. Покрај тоа, во црвените пиперки бабура има многу капсантин, кој ѝ помага на кожата да создаде природна бариера за заштита од сончевите зраци. Оваа храна помага да се одржи кожата хидрирана, цврста и младешка.
Лубеница, домат, грејпфрут
Лубениците и другото црвено овошје и зеленчук (како што се доматите и црвениот грејпфрут) се богати со ликопен – природен пигмент кој исто така е многу моќен антиоксиданс. Според експертите, ликопенот значително придонесува за подобар изглед на кожата и ја враќа нејзината виталност, а може да се најде и во гоџи бобинките.
Брокула
Брокулата е исклучително здрав зеленчук кој помага во спречување на Алцхајмеровата болест, го обезбедува телото со потребната количина влакна и ги „пегла“ брчките. Клучот за нејзината ефикасност во борбата против првите знаци на стареење лежи во големата количина витамин Ц, кој е вклучен во процесот на производство на колаген.
Бадеми
Ако не сте љубител на зеленчук, бадемите се вистинскиот избор за вас. Тие се одличен извор на здрави омега-3 масни киселини и витамин Е, кои се многу важни за здравјето на кожата. Истражувањата покажуваат дека влијанието на бадемите врз кожата кај жените во постменопауза е значајно и дека првите ефекти се видливи веќе по 16 недели.
Моркови
Уште од детството нè учеа дека морковите се одлични за видот, но она што не ни го кажаа е дека тие се одлични и за враќање на тонот на кожата. Морковите се богати со бета-каротин, кој се претвора во витамин А, кој е една од најважните состојки во ретиноидите – производи кои се користат за борба против брчките.
Темно чоколадо
Темното чоколадо е богато со полифеноли и антиоксиданси, што го прави одлично за здравјето на кожата. Сепак, важно е процентот на какао во чоколадото да биде висок, најмалку 70 проценти. Многу истражувања го докажаа анти-ејџинг ефектот на овој вид чоколадо и потврдија дека ги намалува брчките на лицето за само 3 месеци.