Славната дадилка Мери Попинс и нејзиниот магичен чадор биле инспирацијата на американскиот екстремен спортист Ерик Ранер.
Тој се обидел наместо со падобран, на земја да се спушти со голем зелен чадор. Ерик скокнал од балон и неколку секунди лебдел на калифорниското небо, пред чадорот се извртил поради силниот притисок на ветерот. Авантуристот по ова бргу го фрлил чадорот и го отворил помошниот падобран со кој безбедно се приземјил. „Присуствувавте на научен експеримент. Ова беше голем чекор за науката. НАСА ќе може да го користи во иднина”, се пошегувал Ерик на своја сметка на неуспешното спуштање. „Ова беше забавно! Благодарам за идејата Мери Попинс”, изјавил Ерик.