Ребека Олдман, мајка на женско дете, имала проблеми со абдоминални грчеви и болки во стомакот веќе неколку месеци и често одела на тестирања. Била на 3 скенирања, 2 тестирања на крвта и 6 тестирања за бременост. Резултатите укажувале на тоа дека ќе мора да и бидат отстранети јајниците.
Во болница била примена со силни болки и сериозни грчеви. Кога се било спремно за операцијата, се случило нешто што никој не го претпоставувал. Хирурзите биле шокирани кога во нејзината утроба налетале на здраво машко дете. Шокот бил уште поголем кога ја разбудиле Ребека и и соопштиле дека наместо да и ги отстранат јајниците, ќе и направат царски рез, затоа што ќе роди уште едно дете.
„Таман се изборив со фактот дека нема да можеме да имаме повеќе деца со мојот сопруг, заради моите проблеми со јајниците, а сега одеднаш имаме и син. Баш ми е драго што докторите ме разбудија за да ми кажат дека ќе станам мајка по втор пат. Иако бев будна само за момент, подобро што направија така отколку само да ме разбудат и да ми дадат бебе“, вели на шега среќната мајка.
Во моментов, таа и нејзиниот сопруг се обидуваат да одгатнат како бременоста останала скриена од експертите за сето тоа време.