„Наместо да џвака мастика, нека лупи семки“

Рускиот вицепремиер и поранешен главен санитарен инспектор Генадиј Онишченко го советува претседателот на САД, Барак Обама да престане да џвака мастика.

„Некултурно е да вкусуваш гума за џвакање. Гледаш – познат човек, шеф на држава, со претензии дека е на чело на најголемата страна, а тој џвака мастика. Тоа е непочитување кон сопствениот народ и знак на исклучително ниска култура”, забележува Онишченко.

Општо познато е дека џвакањето на Обама е никотинско и со помош на овие мастики  американскиот претседател, кој пред две години се откажа од цигарите, ја потиснува желбата да пуши.

По тој повод Онишченко забележува: „Подобро наместо да џвака мастика, да лупи семки”.

На средбата на Г-20 во австралискиот град Бризбејн, Обама нон-стоп џвакаше мастика. Истото беше и на азиско-пацифичката средба во Пекинг. Навиката на Обама дефинитивно не им се допадна на Кинезите, каде на интернет форумите американскиот претседател беше споредувана на рапер.

- Реклама -