Како и повеќето мажи така и популарниот водител Џеј Лено мечтае да ја бакне прекрасната манекенка Бар Рафаели.
Кога најпосле се чинеше дека неговата желба ќе се исполни, Лено доживеа едно непредвидено разочарување, односно доби бакнеж од нејзиниот колега од рекламата во која страсно се бакнуваа, полничкиот компјутерски гик, глумецот Џес Хајмен.
Дискутирајќи за неодамнешната реклама, Лено ја прашал манекенката дали таа би ја повторила со него. За негова (не)среќа, Рафаели се согласила, по што веднаш кога водителот ги затворил очите, на нејзиното место се појавил колегата од рекламата, Џес.
http://youtu.be/iBtbywVfzoI