Репрограмирањето на ќелиите на кожата во ембрионски базични ќелии,
откритие на јапонските и американските научници, ја предводи листата
најзначајни научни достигнувања во 2007 година, која ја објавија
американскиот неделник „Тајм“ и тв мрежата „Си-Ен-Ен“.
Репрограмирањето на ќелиите на кожата во ембрионски базични ќелии, откритие на јапонските и американските научници, ја предводи листата најзначајни научни достигнувања во 2007 година, која ја објавија американскиот неделник „Тајм“ и тв мрежата „Си-Ен-Ен“.
Ова откритие би можело да ги смири сите противници на уништувањето на човечките ембриони во експериментирање со ќелиите, кое влева надеж дека ќе биде можно лекување на многу, денес неизлечиви болести.
На листата на најзначајни научни достигнувања следи придонесот на британските научници, кои успеаја да создадат ткиво на човечки залисток на срцето, и притоа, изразија надеж дека наскоро ќе создадат и цел залисток.
Оваа година, во астрономијата беа откриени три нови планети надвор од сончевиот систем.
Кинеските археолози ископаа скелет на огромен диносаурус, кој наликува на птица, а во песочното дно на Атлантикот, крај северниот брег на Исланд, беше пронајдено најстарото живо суштество – 405 години стара школка.
Анализата на череп, откриен во 1952 година во Јужна Африка, ја поткрепи теоријата дека модерниот човек потекнува од субсахарска Африка.
Годинава беше снимена и досега најсјајната експлозија на една ѕвезда.
На различни места на земјината топка и во морињата беа откриени околу 700 нови видови живи суштества.
На последното место на листата на 10 најголеми научни откритија во 2007 е пронајдокот во Србија на криптонитот – минерал со идентичен состав како замислениот минерал од стриповите со Супермен.
Вистинскиот минерал е наречен јадарит, според местото во кое е пронајден. виа.