Најзаразните зборови на интернет

Повеќе... Најголеми шанси вашиот компјутер да се зарази со вирус има доколку на некој од интернет пребарувачите ги впишите зборовите „Free Music Downloads“, „Lyrics“ и „Screensavers“, предупредуваат од компанијата за безбедност на интернет McAfee.


v136603p0.jpgНајголеми шанси вашиот компјутер да се зарази со вирус има доколку на
некој од интернет пребарувачите ги впишите зборовите „Free Music
Downloads“, „Lyrics“ и „Screensavers“, предупредуваат од компанијата за
безбедност на интернет McAfee.

При тоа, последниот наведен збор е најопасен, бидејќи 60% од резултатите на пребарувањето во себе содржат малициозни кодови. Доколку кликнете на резултатите на пребарувањето за зборот „free“, можноста да се заразите со некој од вирусите е 21%.

Од McAfee ги поделија опасните зборови и по категории. Така, ако сте заинтересирани за актуелната економска криза, бидете внимателни кога впишувате „IRS stimulus checks“, а доколку ве интересираат медицинските состојби внимателно користете го зборот „phentermine“.

Исто така, постои и поделба на заразните зборови по земји, според која Британците мораат да бидат внимателни при користењето на зборот „Bebo“, Французите со „покерот“, а Шпанците со „Anatomia de grey“.

Од славните личности, „најзаразен“ е Brаd Pitt, па затоа девојки внимавајте кога ќе го куцате неговото име на тастатурата и на пребарувачите.

- Реклама -