Највозбудливите телевизиски финалиња

Ова е време на сезонски финалиња, а тоа значи гостувања на ѕвезди, шокантни пресврти исчекување и неизвесност.

House

Хју Лори ќе ја направи својата последна дијагноза како доктор Грегори Хаус во последната епизода од осум сезонската серија. Него ќе му се придружат неколку стари колеги: поранешните членови на тимот, Оливија Вајл, Кал Пен и Џенифер Морисон се враќаат за крајот. Но со наслов како „Секој умира“ изгледа дека серијата се подготвува за мрачен крај.

The Big Bang Theory

Во последната епизода од петтата сезона на хит комедијата фокусот е на надежниот астронаут Воловиц и подготовката за наеговата прва мисија. Има само еден мал проблем: NASA го променила датумот на лансирањет кој сега се поклопува со датумот на планираната свадба со Бернадет.

The Vampire Diaries

Крајот на третата сезона е епизода исполнета со флешбекови кои ќе ги ватат гледачите до денот кога родителите на Елена умреле во сообраќајна несреќа. Дали овој спомен ќе ѝ помогне на Елена да реши дали ќе биде со Дејмон, Стефан или ниту еден од браќата Славаторе? Но поважна е заканата од сега лошиот Аларик кој е решен да го исчисти градот од вампири по секоја цена.

How I Met Your Mother

Барни се жени? Тешко е за верување но во последната епизода од седмата сезона на “HIMYM” ветува дека омилениот ерген ќе се промени но која е среќната дама? Ако тоа не е доволно возбудливо Лили почнува да се пораѓа што го присилува Маршал да направи сè што може за да биде крај неа.

Grey’s Anatomy

Оваа епизода би можела да биде последната во која ги гледаме нашите омилени доктори на едно место бидејќи некои од нив би можеле да се преселат во други болници низ целата земја. И во традиционален “Grey’s Anatomy” стил, последната епизода од осмата сезона ќе биде шокантна бидејќи еден од вработените во Сиетл Грејс би можел да добие посета од Смртта.

- Реклама -