Секоја година, Алпите привлекуваат илјадници и илјадници туристи, што доволно зборува за нивната убавина дури и да ги немате видено ни на слика. А кога во равенката со таа нивна убавина ќе се додаде и поглед од високо, доживувањето е неспоредливо. Затоа, за да бидете и вие едни од тие илјадници туристи, здравје боже, ви ги претставуваме највисоко достапните хотели на алпскиот венец.
^ Земаме скиите и се упатуваме кон ски-лифот. На 2.200 метри стигнуваме до Rim, највисоко лоцираниот хотел со 4 ѕвезди. Вие можеби ќе сакате да се испружите на лежалките. Ние можеби ќе одиграме партија голф.
^ Лоциран e на сончевата страна на Алпите, на 3.212 метри надморска височина,. Може да се достигне само со лифт. Зборуваме за хотелот Grawand во Јужнотиролските Ötztal Алпи. Околу хотелот се наоѓаат неколку други врвови високи по 3000+ метри, што е гаранција за извонредна и уникатна глетка.
^ Хотел Tibet се наоѓа на 2.800 метри височина во Јужен Тирол во близина на Стелвио. Стилот целосно му соодветствува на името, а е и рај за планински велосипедизам.
^ И Gornergrat во Зермат нуди спектакуларна глетка. А и како нема, кога се наоѓа на падината на еден каменест рид, на 3.100 метри надморска височина. Патем, до Gornergrat се стигнува со воз. Не, не сме грешка.
^ Хотелот Diavolezza, пак, може да се пофали со највисоко поставеното џакузи на Алпите. Се наоѓа на 3.000 метри надморска височина.
^ На 2.456 метри се наоѓа Muottas Muragl. Главниот адут на хотелот, покрај тоа што се наоѓа во реонот на Сент Мориц на Алпите, нели, е тоа што е нискоенергетски објект дизајниран за мала потрошувачка на енергија.
^ Хотелот Faulhorn е лоциран на 2.681 метри надморска височина. Фактот што е исклучиво за планинари, што до него се стигнува само пешки, и што е затворен во зима, веројатно го прави повеќе планинарски дом отколку хотел, ама нејсе. Прашувате кој е неговиот адут? Паа, ја видовте воопшто сликата?
^ Е на малку помала височина, на 2.350 метри, веќе може да се најде и луксуз со пет ѕвезди. Притоа мислиме на Wedelhütte во Хохцилертал. Хотелов има и своја сопствена винарија.