Најубавите приватни острови во светот

Во светот постојат илјадници архипелази и острови, некои отворени за туризам, а други приватни засолништа на милионери. Еве дел од најпознатите прекрасни приватни острови во светот.

Guana Island

1guana

Се работи за најголемиот приватен остров во  Карипското Море, со  850 хектари непречено и необработеното земјиште меѓу природни и уникатни животински видови. Сурфањето  на ветер, кајакарењето и нуркањето  се актуелните водни активности во овие тиркизни води.

The World

2world 2world2

Над 300 приватни вештачки острови, познати како „Светот”, се наоѓаат на 4 км од Џумејра Бич во Дубаи. На овие острови се градат огромни и луксузни  куќи, со многу зеленило и палми.

Baliceaux Island

3b 3b2

30 милиони долари е цената на овој остров во Карипското Море,а  се наоѓа помеѓу островите Сент Винсент и Гренада.  Островот е вистински рај, со кристално чисти води и единствена вегетација, кој веројатно крие и необично богатство.

- Реклама -