Со прекрасниот мрежест екстериер и подеднакво луксузен ентериер, ова впечатливо пловило ја надминува суперјахтата на Роман Абрамович во поглед на стил. Луксузниот ентериер на Воронои „мегајахтата“ е затворен во мрежеста фасада, со што потенцијално ја добива титулата најубавиот брод поставен во вода.
Јахтата долга 125 метри е опремена со џакузи кади, платформа за голф и базен, и ги содржи сите удобности за да го задоволи вкусот на руските олигарси. Воронои е креација на Ким Хјун-Сеок кој бил решен да ја дизајнира совршената јахта со највпечатливиот можен екстериер. Господин Хјун-Сеок вели дека пловилото широко 20 метри кое тој го дизајнирал е „уникатна луксузна јахта во која може да се ужива“.
Тој ја именувал јахтата по „Воронои“ концептот за случајно геометриско разделување развиен од рускиот математичар Георги Воронои. Господинот Хјун-Сеок изјавил: „Можеме да го забележиме овој дизајн на многу места, особено во нашето тело, клеточните мембрани изгледаат како Дијаграм на Воронои. Концептот е специјален метод кој овозможува отстранување на несакани полни блокови, дозволувајќи создавање на најцврсти структури со минимален материјал.“
„Секој гостин поканет од сопственикот ќе биде целосно задоволен додека е на јахтата.“ Јахтата е направена од челик, алуминиум и зацврстена пластика и исто така има градина, бар, галерија и трпезарија со бина за музичари. Воронои е само еден метар покуса од јахтата Октопус на Пол Ален. Господинот Хјун-Сеок, кој оваа година освои награда за неговите дизајни, вели дека Воронои е сè уште само концепт, но се надева дека таа би можела да биде изградена во иднина. [The most beautiful boat in the world? Mega-yacht which comes complete with hot tubs, swimming pool… and even a golf green]