Која е најточната медицинска серија?

Повеќето луѓе најчесто помислуваат на House, ER, или Grey’s Anatomy, но луѓето кои работат во медицина речиси универзално се согласуваат дека најточната медицинска серија е Scrubs!

Да, оваа серија беше комедија која содржи хумор кој на моменти се чини дека е наменет за 12 годишни момчиња, но сепак таа е најслична до вистинските искуства на вистински доктори. Зошто? Има неколку причини.

Докторите велат дека серии како House и ER се целосно погрешни бидејќи секогаш се фокусираат на екстремно возбудлив случај со кој вистински доктор би се соочил еднаш или два пати во целата кариера, додека Grey’s Anatomy едноставно е романса која носи бел мантил.

Scrubs е прецизна претстава на медицината бидејќи се фокусира на настани кои се случуваат помеѓу големите медицински случаи и врските помеѓу докторите и прецизно претставените нормални пациенти. Докторите велат дека серијата прецизно ја претставува обуката низ која тие минуваат и дури и работната средина претставена во серијата е слична со она што би можело да се најде во вистинска болница. [Ever wonder what the most accurate medical series on TV is? Not what you’d think!]

- Реклама -