Обидете се да одговорите.
Карен Дејвис од американската мултинационална компанија која произведува играчки вели дека омиленото прашање кое и го поставуваат на разговорите за работа е „Кој ви е најдрагиот цитат?“Ако ви звучи едноставно замислте ситуација во која вашиот одговор ја одредува иднината.
Девис вели дека ова прашање и помага да сфати кој е кандидатот и до што му е дојдено. На ова прашање нема точен одговор, а можност за работа добиваат оние кои ќе понудат било каков одговор.
„ Мислам дека е тоа мал начин да видиме за кого се работи. Сакам да видам дали некој бара извор на инспирација“, вели Дејвисон.
Меѓутоа има прашања кои едноставно немаат ни смисла,ниту пак точно решение.
Ако ве интересира кои уште тешки прашања се појавуваат на интервјуата за работа еве 10 најтешки прашања добиени на темел на акета спроведена на 2.000 луѓе.
1. Кои се вашите слабости?
2. Опишете се себе си во три реченици.
3. Кога би биле овошје или зеленчук што би биле и зошто?
4. Зошто би требало за оваа улога да ве избереме токму вас?
5. Опишете еден свој неуспех.
6. Кои се вашите предности?
7. Ако сте сладолед, кој сладолед би биле и зошто?
8. Кое е вашето најголемо достигнување?
9. Зошто се пријавивте за оваа работа?
10. Како ќе допринесете кон нашиот тим?