Најсветото христијанско место го чуваат муслимани

Базиликата на Светиот гроб во Ерусалим е најголемото светилиште за христијаните, а клучарот на оваа базилика е муслиман.

Вајих Нусеибех е денешниот клучар на базиликата и негова е грижата за одржување на црквата. Членови на ова семејство секој ден два часа пред полноќ, ги заклучуваат христијанските монаси во црквата и ги пуштаат пред утрото.

“Тоа е работа која се предава од татко на син, уште од доба кога муслиматите прв пат го освоиле Ерусалим во седмиот век. Моето семејство тоа го прави веќе 1300 години, но постои дупка, во период од 88 години кога Крстоносците владееле со Ерусалим во 12. век”, вели тој.

Главата на семејството ја чува црквата, а најстариот син мора да чека додека не му припадне таа чест. Додека не ја преземе должноста Вајих продавал електрични апарати, а неговиот син и следен клучар, работи како фризер.

Кога ќе дојде неговиот ред да ја преземе одговорноста, од него се очекува совесност. Мора да станува многу рано за навреме да ја отклучи црквата.

“Понекогаш станувам и пред честири часот наутро. Гледаме дека луѓето се среќни, па така и ние сме задоволни. И секако, Исус не живеел само за христијаните, туку за сите луѓе. И муслиманите веруваат дека тој бил еден најсветите пророци”, вели клучарот.

Фактот дека муслиман ги чува клучевите од најголемото христијанско светилиште го објаснува отец Дергус Кларк, кој живее во црквата.

“Во време кога ги презеле клучевите, муслиманите сакале да покажат надмоќ на исламот над христијанството. Затоа го дале клучот на муслиманско семејство и ги затвориле сите врати – освен главната која тие ја надгледуваат”, вели тој.

Сепак, освен овој историски, постои и уште една, типично човечка причина. Базиликата на светиот гроб е единствената црква во која живеат претставници од шест христијански цркви – Католичката, грчката православна, патријаршијата од Ерусалим, Ерменската источна православна црква, како и Коптите, Ериопјаните и Сиријците.

Меѓу нив често доаѓа до недоразбирања, а светот пред неколку години го обиколи и видео од судирот на грчки православни со ерменски монаси.

Поради тоа, доколку клучот го има некој од претставниците на црквите кои живеат под еден кров, би можело да направи дополнителни проблеми.

“Секоја група верува дека е сопственик на црквата, па ако сте сопственик, тогаш можете да правите и што сакате, да пуштате едни луѓе внатре, а други не”, вели клучарот Вајих Нусеибех.

Црквата ја посети и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчулоски кој објави и видео од отклучувањето на вратата:

- Реклама -