Најстрашниот мост е во Сибир, и е во полураспаѓање

Едноставно не е возможно да извозиш преку мостот Куандински во Сибир без да ти се забрза срцебиењето. Мостот поминува преку реката Витим, и еден од најстрашните мостови во светот.

Висок е 20 метри, долг 500, и е во ужасна состојба. Одвај собира една кола, нема никаква заштитна ограда, а дрвените даски од кои е составен изгледа како во секој момент да ќе се распаднат.

Многу поарни не се ни потпорните столбови, кои се прекриени со ‘рѓа и на пат и тие да се распаднат.

Во зима станува уште поопасно. Дрвото замрзнува, а гумите одвај се лепат за подлогата.

Сепак, и покрај ужасната состојба, наводно го користат околу 1.500 луѓе кои живеат во околината.

 

Мостот се наоѓа во Транс-Бајкалскиот регион и всушност претставува стар железнички мост (паралелно со него го гледате новиот). Денес е дел од прочуениот „BAM road“ – еден од најзахтевните и најопасни авантуристички патишта во светот, пишува сајтот Dangerous Roads.

Еве и од друга перспектива, во прво лице:

A вака изгледа во зима:

Ако не ни верувавте дека го користат и локални жители, а не само авантуристи, еве ви доказ:

- Реклама -