Песните и музиката имаат моќ да враќаат низ времето, а оваа има моќ да те врати 3.500 години наназад.
Најстарата позната песна на светот – Хуритската химна, тогаш била химна на еден култ од Блискиот Исток, а таблиците на кои е запишана се пронајдени во 50-тите години на минатиот век, во градот Угариту на тлото на денешна Сирија.
Во видеото во продолжение е приложена во изведба на Мајкл Леви – музичар и композитор кој се бави со читање и реконструкција на древните музики и техники на свирење.
Вели дека неговата мисија е „да ја претстави прекрасната лирика на дамнештоста пред бледиот и бездушен модерен музички свет“.
На пронајдените 29 таблици, се вклесани знаци кои на хуритски јазик означуваат „ноти“. H6 е најстариот фрагмент со мелодија досега откриен во историјата.