Најстарата панда на светот го прослави својот роденден: Нема да поверувате колку години има

Зоолошката градина во Чункинг, Кина, неодамна организираше роденденска забава за пандата која наполни 37 години, што е еквивалентно на повеќе од 100 човечки години.

Сингсинг е најстарата џиновска панда која што живее во заробеништво во светот.

Во исто време, таа е најстара во семејство од 137 панди, а нејзините потомци денес се наоѓаат во повеќе од 20 земји и региони низ целиот свет.

Претставниците на зоолошката градина велат дека пандата е во добра здравствена состојба и тежи 98 килограми. За неа се грижат  двајца вработени кои редовно ја мерат и го  следат нејзиното здравје.

Таа била донесена во зоолошката градина Чунгкинг кога имала една година, а исто така го посетила Калгари, Канада, пренесуваат кинеските медиуми.

 

- Реклама -