Десетте најспектакуларни хотели во светот

Ова се десет од најспектакуларните хотели во светот. Хотели како Le Moulin Du Roc Hotel во Франција кој изгледа како да е излезен од бајка. Украсен со богато зеленило кое се спушта по ѕидовите како смарагден водопад.

Со неговиот дизајн на повеќе нивоа, Monastero Santa Rosa во Италија има прекрасен поглед на морето од сите соби.

Одморалиштето Ladera во Санта Луција е тропски островски рај полн со природни убавини.

Хотелот Катикис на Санторини има базен како никој друг хотел во светот.

Radisson Blu хотелот во Берлин е прекрасна глетка со неговото централно јадро кое има огромен цилиндричен аквариум висок неколку ката.

Љубителите на ѕвезди и облаци ќе ги обожаваат стаклените покриви на апартманите во Хотел Какслаутанен во Финска. Опуштете се под небото и уживајте во сите убавини на кампирање без проблематичните инсекти или студот.

Оваа прекрасна комбинација на црвени завеси, чадори и столичиња и зелен бршлен кој ги прекрива ѕидовите можете да ја најдете во Hôtel Plaza Athénée во Франција.

Одморалиштето Ајада во Малдивите нуди приватни балкони и базени поставени над тиркизното море кои можат да ве убедат да останете таму многу долго време.

Издлабен во карпите над Јадранското Море, Hotel Ristorante Grotta Palazzese Polignano a Mare во Италија е опкружен со пештери во кои посетителите уживаат со векови.

Одморалиштетот Huvafen Fushi во Малдивите е место за уживање во совршено зајдисонце.

- Реклама -