Најскапите јадења во светот

Ако некогаш се најдете во ситуација да морате да потрошите мало богатство и имате време и празен стомак, еве ви неколку предлози.

1. Најскапи хамбургери

Каде можете да ги најдете: Serendipity 3, Њујорк
Цена: 295 долари

Зошто е толку скап: Le Burger Extravagant е направен со јапонско Вагју говедско полнето со путер и бели тартуфи. Врз плескавицата е додаден James Montgomery чедар кашкавал, црни тартуфи и пржено јајце од еребица. Хамбургерот се служи на подлога попрскана со злато и путер со бели тартуфи, кавијар, crème fraiche и кавијар.

А ако мислите дека цената е премногу висока, кога ќе завршите со оброкот ќе можете да ги исчистите своите заби со чепкалка од злато прекриена со дијаманти.

Хамбургерот има конкуренција – иако не е признат од Гинис, подвижната сендвичара 666 Burger од Њујорк го нуди Douche Burger за 666 долари. Овој хамбургер има плескавица од Кобе говедско полнета со гускин црн дроб и златни листови, прекриена со кавијар, јастог и тартуфи, Gruyere кашкавал топен со пареа од шампањ и сос направен со Kopi Luwak кафе. Овој хамбургер започнал како пародија на првиот но сепак постои и ако имате 666 долари можете да го нарачате.

2. Најскап десерт

Каде можете да го најдете: Serendipity 3, Њујорк
Цена: 25.000 долари

Зошто е толку скап: Frrrozen Haute Chocolate сладоледот содржи мешавина од 28 типови какао (меѓу нив и 14-те најскапи во светот). Сладоледот е декориран со злато кое може да се јаде и се служи во пехар обложен со злато кое може да се јаде.

Како тоа да не беше доволно, на дното од сладоледот има 18 каратна златна алка со 1 карат дијаманти а десертот ќе го јадете со златна лажичка украсена со бели и чоколадни дијаманти. Кога ќе завршите можете да ги чувате алката и лажичето.

3. Најскапото кари

Каде можете да го најдете: Bombay Brassiere, Лондон

Цена: 3.200 долари

Зошто е толку скап: Samundari Khazana (во превод „богатство од морска храна“) содржи Devon рак, бели тартуфи, Beluga кавијар, златни листови, шкотски јастог прекриени со залто, четири абалон школки и четири јајца од еребица.

4. Најскапиот хот дог

Каде можете да го најдете: Capitol Dawg, Сакраменто
Цена: 145,49 долари

Зошто е толку скап: California Capitol City Dawg е виршла од 340 грама долга 45 сантиметри, зачинета со Француски сенф, лук и мајонез зачинет со тревки, млади лукчиња, чадена сланина, шведски кашкавал (кој чини 200 долари за 450 грама), домати, сушени брусници, пиперки и босилек и сос од босилек, маслиново масло, брусница, круша, кокос и балсамичен оцет.

5. Најскапото суши

Каде можете да го најдете: Можете да го нарачате од филипинскиот готвач Ангелито Аренета Џуниор
Цена: 1978,15 за пет парчиња

Зошто е толку скап: Секое парче суши е завиткано во златен лист и украсен со кавијар, три Микимото бисери и се служат со дијамант. Интересно но нема информации за типот на риба кој се користи за сушито.

- Реклама -