Најскапиот Монопол на светот

златен монополДури и најобичниот монопол содржи повеќе од 20000 долари лажни пари. Но вредноста на овој уникатен комплет, украсен со скапоцени камења, е проценета на над два милиони американски долари. Па не е ни изненадување што овој уникатен Монопол ќе може да биде виден на Вол Стрит.

Дури и најобичниот монопол содржи повеќе од 20000 долари лажни пари. Но вредноста на овој уникатен комплет, украсен со скапоцени камења, е проценета на над два милиони американски долари. Па не е ни изненадување што овој уникатен Монопол ќе може да биде виден на Вол Стрит.

златен монополКомплетот бил произведен во осумдесетите години од златарот Сидни Мобел од Сан Франциско, откако чул дека се одржува турнир во Монопол во Лондон. На Мобел му била потребна цела година за да го заврши комплетот кој бил употребен само еднаш во егзибициски натпревар помеѓу Мобел и поранешниот британски премиер Едвард Хит. Златарот го донирал комплетот на Институтот Смитсониан во 2003 година.

Според Вол Стрит Џурнал, 84 годишниот Мобел создавал чудни декадентни предмети целиот свој живот. Тој има создадено стапица за глувци, јојо украсени со дијаманти, како и конзерви за сардини, мобилни телефони и вештачки очи и канти за ѓубре од чисто злато. Но, Монополот не е единствената забавна креација на Мобел, тој има создадено и луксузни табли за шах и плочки за домино од злато и скапоцени камења.

Зошто оваа негова креација вреди толку многу? Бидејќи е направена од 18 каратно злато, и содржи 165 скапоцени камења. Двете коцки вредат 10000 долари, и имаат 42 дијаманти кои ги обележуваат броевите. Ако сакате да ја видите оваа уникатна креација, таа ќе биде изложена во Музејот на Американски Финансии на Вол Стрит оваа недела. А ако случајно сакате да ја имате во вашиот дом, Сидни Мобел вели дека не се продава. [Gold And Jewel-Encrusted Monopoly Game Heads To Wall Street]

- Реклама -