Најскапиот чај на светот – 30 пати поскап од златото

10.000 долари за шолја чај звучи лудо, ама тоа е цената што богатите колекционери на чај се спремни да ја платат за неколку голтки од оригиналниот Da Hong Pao – можеби најреткиот чај во светот. Со цена од дури 1.400 долари за еден грам, овој чај вреди 30 пати повеќе отколку кога истата тежина би била злато.

da-hong-pao-tea[1]

Па, што го прави толку посебен? Според кинескиот чај-мастер Ксиангнинг Ву, воглавно тоа што е редок. Одвај да има неколку останати оригинални Da Hong Pao дрвја, а древните видови кои растат на планините Вуји се толку ретки што се сметаат безмалку за бесценети. Да доловиме посликовито – овие дрвја се толку ретки што старите правачи на чај имаат специјален годишен ритуал поврзан со нив – секоја пролет одат во планините и се молат на богот на чајот – Лу Ју, за неколку нови стебла.

Инаку, според некои извори, има и посебна тактика на одгледување на листовите чај. Наводно, треба да се бришат со со козјо млеко уште додека растат, а по берењето, се печат и се оставаат да добијат на вкус и до 80 години.

da-hong-pao-tea2[1]

Легендата вели дека овие оригинални Da Hong Pao дрвја имаат и извонредна медицинска вредност – се вели дека кога мајката на еден император на династијата Минг легнала болна, била излечена токму и само од овој посебен чај. По случката, императорот ги облекол четирите грмушки кои ги дале листовите со кралски црвени наметки. Така чајот го добил името, кое во превод значи „Големи црвени наметки“.

Има повеќе варијанти на растението и не се сите скапи, но оригиналните Da Hong Pao се толку ценети и вредни што обично ги чуваат со стражари, а нивните „темни, заплеткани и налик недораснати“ листови е тешко да ги најдете за да ги купите, макар и ги имале парите. Тие се толку ексклузивни што само специјализирани брокери можат да ги поврзат богатите кинески купувачи во контакт со вистинските одгледувачи и продавачи.

Прочитајте и:  Заборавете на лековите: Ова се 5 магични чаеви кои засекогаш ќе ви ги решат дигестивните проблеми

Da Hong Pao отсекогаш предизвикувал интерес кај ентузијастите за чај дури и надворд од Кина. Всушност, се вели дека во 1849 година, британскиот ботанист Роберт Фортјун го посетил Вујишан на тајна мисија да набави неколку семиња, со намера тој самиот да ги одгледува на други локации, како Индија. Всушност, се вели дека за разлика од другите шпиони што потфрлиле, тој успеал да се маскира како локалец и да набави неколку семиња, но и драгоцени информации околу нивното одгледување. Со тек на времето ги споил овие семиња со домородниот индиски чај, а последицата од тоа, наводно, е денешната билионска индустрија со индиски чај.

За жал, единствените Da Hong Pao листови во циркулација се набрани пред неколку години, во 2005-тата. Во меѓувреме, од 350-години старите оригинални грмушки, сега се останати само голи грмушки без нови листови.

da-hong-pao-tea3[1]

На 1 мај, малку по почетокот на бербата на чај, беше постелен црвен ќилим како мимика на дарот на императорот. Убави жени облечени во традиционални костуми се искачија по мовливите скали кон планината и изведоа ритуал. Ама немаше берба. Тоа значи дека единствените преостанати неколку грама од чајот, што колекционерите себично ги чуваат и ги сушат секоја година за да добијат на вкус, ќе бидат поскапи од било кога. Со тек на време, можеби поскапи и од дијамантите.

Ако сакате да го пробате пред да исчезне, можете да го направите тоа во централен Лондон, каде што Da Hong Pao е на менито во Royal China Club – по цена од 250 долари за 4 мали филџанчиња чај.

- Реклама -