Најскапиот брод на сите времиња

БродНајскапиот брод на сите времиња е предвидено за првпат да исплови овој декември. Цената за неговата конструкција е неверојатни 1,4 милијарди долари, но тоа и не делува толку зачудувачки кога ќе се земат предвид димензиите и степенот на луксуз. „Оазата на морињата“ ќе превезува 5400 патници за кои ќе се грижи екипаж од 2160 луѓе.

Најскапиот брод на сите времиња е предвидено за првпат да исплови овој декември. Цената за неговата конструкција е неверојатни 1,4 милијарди долари, но тоа и не делува толку зачудувачки кога ќе се земат предвид димензиите и степенот на луксуз. „Оазата на морињата“ ќе превезува 5400 патници за кои ќе се грижи екипаж од 2160 луѓе.

БродПо петгодишно планирање, конструкција и подготовки, овој декември, компанијата Ројал Карибијан ќе го претстави својот најнов брод „Оазата на морињата“. За неговата изградба се потрошени 1,4 милијарди долари, ќе превезува 5400 патници (доколку во секоја соба има по двајца), а нив ќе ги опслужуваат 2160 членови на екипажот.

Должината на бродот е неверојатни 360 метри (91 метар повеќе отколку „Титаник“), но, тоа е само почетокот на неверојатните нешта. Во средината на бродот има парк со големина на едно просечно фудбалско игралиште, а во него се засадени преку 12 илјади растенија. За спортски настроените патници постои патека за џогирање со должина од преку 600 метри на третата палуба, 2 алпинистичка ѕида, воден парк со неколку базени и можност за нуркачки скокови, како и 2 базени оспособени со механизам за создавање бранови за сурфање. За оние со поуметничка душа, постои луксузен театар во кој 4 пати во неделата ќе игра мјузиклот од Бродвеј „Спреј за коса“.

Билетите за седумдневните крстосувања на овој ултралуксузен брод ќе чинат во просек 1000 долари. Нормално, цените одат нагоре како што се зголемува луксузноста и местоположбата на собата. За тие пари, патниците ќе го имаат задоволството да пловат по Карибското Море. [oasisoftheseas.com]

- Реклама -