Германскиот моделар Роберт Гулпен ја создал најскапата макета на автомобил во светот – реплика во размер 1:8 од Ламборџини Авентадор направен од јаглеродни влакна, платина и украсен со скапоцени камења.
Педесет и двегодишниот Гулпен, кој ја опишува својата креација како „високо-технолошко ремек дело“ вели дека сакал да создаде нешто уникатно што никогаш претходно не било направено. Поранешен механички инженер, Гулпен започнал да создава минијатурни макети на автомобили од скапоцени метали на крајот на дваесетиот век и со тек на време станал познат создавач на макети.
Тој решил дека современиот Ламборџини Авентадор LP 700-4 би бил совршен избор за неговото најголемо ремек дело. Телото на автомобилот е направено од јаглеродни влакна, како и оригиналот, и во него се вметнати скапоцени метали и камења вредни 2 милиони евра. Металот бил употребен за деталните бандажи а дијаманти биле вметнати во седиштата, воланот и светлата.
На Германецот му биле потребни 500 часови за да ја заврши најскапата макета на автомобил во светот, но сега се соочува со повеќе од фер компензација. Неговото мало Ламборџини Авентадор е закажано за продажба на аукција во декември во Сотби, во Дубаи или Њујорк, со почетна цена од 3,5 милиони евра, речиси 12 пати повеќе од вистинскиот Авентадор LP 700-4 (чија цена е 303.450 евра). Но ако некој потенцијален купувач не може да чека до декември, тој може да ја купи макетата веднаш за 4,5 милиони евра.
Макетата на Гулпен ќе биде изложена на Франкфуртскиот Саем за Автомобили кој почнува на 25 септември, во кутија од стакло отпорно на куршуми опремена со електронски безбедносни елементи.