Хрватските секс бомби не заостануваат од светските дами.
Актерки, спортистки, водителки, манекенки се меѓу останатите кои се најдоа на многу листи на најубавите, а ние издвоивме неколку.
Лана Јурчевиќ (30)
Пејачката Лана Јурчевиќ можевте да ја видите во X Factor. Неодамна на Бриони сними спот за својата нова песна „Ludo ljeto”.
Се зборува дека е заљубена во хрватскиот фудбалер Ален Халиловиќ кој е 12 години помлад од неа, и дека неа инаку ѝ се допаѓаат помлади мажи.
Антонија Мишура (27)
Кошаркарката Антонија Мишура американскиот портал Bleacher Report ја избра за најубава спортистка на Олимпијските игри.
Во август се мажи за долгогодишниот дечко, кошаркарот Марко Сандриќ. Таа моментално игра за францускиот клуб Toulouse Metropole Basket.
Фани Стипковиќ
Светските медиуми Фани Стипковиќ ја прогласија за најсексипилна новинарка во Европа.
Таа ја започна Fani TV на YouTube, а за нејзините емисии пишуваат и латиноамериканските и европските медиуми.
Петра Фрковиќ
Таа има 24 години, диполомирала менаџмент во култура и се занимава со манекенство.
Рекреативно се занимава со бокс, но редовно вози и ролерки и велосипед.