Најпродаваниот телефон на сите времиња

Екранот осетлив на допир го промени начинот на кој што ги користиме мобилните уреди и стана клучна карактеристика на смартфоните и таблетите.

Само пред неколку дена технолошкиот гигант Apple се пофали дека регистрирал рекордни продажби на iPhone 6s и iPhone 6s Plus – 13 милиони испораки за еден викенд.

Постигнувањето на компанијата, сепак е многу далеку од неверојатниот успех на еден ран модел. Погодувате ли за кој се работи?

Телефонот Nokia 1100 продолжува да го држи рекордот за најпродаван уред на глобално ниво, бидејќи во текот на годините направил над 250 милиони испораки на светскиот пазар.

0654868001444899357_501591_600x458

Официјалната премиера на овој модел беше во 2003 година и 12 години подоцна и покрај неверојатната еволуција на технологијата, продолжува да биде најпопуларен телефон, надминувајќи ги сите смартфони на пазарот во моментов.

Финската компанија Nokia престана да го произведува моделот 1100 уште пред шест години, што на уште подобар начин покажува колку успешен производ бил тој за неа.

Техничките спецификации од денешна перспектива изгледаат донекаде смешно, но исклучителната цврстина во прилог на долгиот живот на батeријата и ниската цена се најсериозните предности.

Nokia 1100 обезбедуваше 36 инсталирани мелодии,  капацитет за зачувување на до 50 пораки и контакти во листата и да не ја заборавиме легендарната игра Snake.

snake-nokia

- Реклама -