Најпознатите пиратки и нивните драматични судбини

Во историјата останале имињата на неколку жени кои заедно со мажите, а понекогаш и без нив, успеале да направат кариера и богатство како пирати – една целосно машка, грозна и често жестоката судбина. Еве пет од овие жени:

Саид Ал-Хура

1

Саид Ал-Хура се родила како Шпанка, но во 1492 година нејзиното семејство било принудено да ја напушти Шпанија. Саид се омажила за кралот на Мароко, но не ги заборавила навредите од детството и омразата кон христијаните. Таа се обратила кон Барбароса – еден од најпознатите познати Пирати од тоа време – и станала негов партнер. Саид и Барбароса го контролирале практично целосно Медитеранот и ги напаѓале шпанските и португалски бродови. Поради кралската титула, Саид задржала добри односи со Шпанија и Португалија и често служела за посредник меѓу пиратите и државата за ослободување на заробените и плаќање на откуп. Во 1542 година таа била симната од власт од страна на својот зет, а воедно и лишена од титули и имот. Нејзината понатамошната судбина останала непозната.

Мари-Ен 

2

Оваа француска авантуристка се запознала со нејзиниот иден маж му се заканила дека ќе го убие, бидејќи ја навредил. Импресиониран од оваа храбра жена, познатиот пират Лоренс де Граф ја зел за жена. Тој бил еден од најпознатите пирати на Франција и напаѓал англиски и шпански бродови во корист на француската круна. Продолжил да го прави истото заедно со Мари-Ен, која учествувала во борбите. Во 1695 година Англичаните ги заробиле Мари-Ен и нејзините деца, но ги ослободиле по три години во чест на крајот на војната. Таа и нејзиниот сопруг заминале за Америка и живееле таму мирно до длабока старост.

Чен Ши

3

За потеклото и вистинското име на Чен Ши не се знае ништо. Приказната започнува со тоа како таа, проститутка во мал бордел, се омажила за Чен И – еден од најголемите пирати на Азија. Според легендата Чен И бил толку вљубен во неа, што во замена за нејзината рака ветил дека ќе и дава половина од пленот и да ќе и дозволи да учествува во нападите.
Само по шест години Чен Ши останала вдовица. Таа веднаш го презела бизнисот, со тоа што се занимавала со стратегијата, тактиката и планирањето, а на чело на морнарицата го поставила својот втор сопруг Чан Бао. Пиратите на Чен Ши работеле со строг кодекс напишан лично од неа, кој забранувал грабежи и силувањата без дозвола на мајсторот. Таа го контролирала цело Јужно Кинеско Море, имала 1 800 брода и 17 илјади луѓе. Императорот бил немоќен против неа и на крајот таа сама се предала, договарајќи амнестија за себе и сите свои луѓе. Самата Чен Ши го задржала своето богатство, отворила бордел и се занимавала со него до крајот на животот.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Ен Бони

4

Ен  била ќерка на правник и имала многу добро образование за ХVІІІ век. Само што кроткиот живот на образована жена воопшто не ја привлекувал и таа се омажила за сиромашен морнар по име Џејмс Бони. Бракот им бил прилично бурен – и двајцата спиеле со кого сакале и работеле на пиратски бродови. Да пијат, да се борат и да имаат секс, им одело подеднакво добро. Ен носела машки алишта и по ништо не се разликувала од другите пирати. Тоа траело се до моментот кога по налог на Јамајканските власти нивниот брод бил заробен, а Џејмс и Ен биле изведени пред суд. Според легендата последните зборови на Ен кон нејзиниот сопруг биле дека ако се тепал како маж, немало да умре како куче. Џејмс бил обесен, а Ен помилувана и испратена во САД кај татка си, каде што живеела мирно до крајот на животот.

Рејчел Вол

5

Рејчел Шмит била девојка од обично семејство. Таа се омажила за морнарот Џорџ Вол и работела во Бостон како слугинка. Наскоро нејзиниот сопруг одлучил дека парите не стигнуваат и смислил план како да заработат многу повеќе. Двајцата изнајмиле еден брод и пловеле со него околу брегот на Њу Хампшер, чекајќи ги морските бури. Штом бурата поминувала, Рејчел излегувала на палубата и започнувала да вика за помош. Кога некој пловен објект доаѓал на помош, нејзиниот маж и неговиот екипаж правеле грабеж и ги убивале луѓето на бродот, а бродот го потопувале, за да изгледа како да е жртва на бурата. Авантурите им завршиле лошо. Џорџ загинал за време на бура, паднал од палубата, а Рејчел се вратила во Бостон, каде признала сè и била обесена во 1789 година.

- Реклама -