Најпознатите авиони претворени во хотели

За сите љубители на авијацијата хотелите кои се изградени од стари авиони се вистински погодок за сместување.

Погледнете ги хотелските соби сместени во просторот на еден стар авион! Станува збор за најпознатите хотели – авиони!

Entire Airplane Suite, Холандија

holandija

Во склоп на холандскиот аеродром Teuge е лоциран авионот ИЛ-18 кој е претворен во луксузен хотел. За време на студената војна авионот пренесувал околу 100 патници кон Куба, Русија и Виетнам и тоа со четиричлен екипаж. Денес во хотелот – авион има џакузи, елегантна спална и просторен хол, а од прозорците се гледа полетната патека на аеродромот. Единствено не е сменета кабината на пилотот каде гостите може да го доживеат автентичното чувство на авијацијата.
Ова задоволство за едно деноноќие ќе ве чини околу 550 долари.

h hh

Мотел 1950′s Bristol Freighter, Нов Зеланд

nov zeland

Еден од авионите останати од војната со Виетнам е Bristol Freighter кој сега се користи како двособен мотел во новозеландскиот град Отороханг. Гостите сместени во мотелот добиваат бесплатни билети за посета на фармата која се наоѓа во непосредна близина каде се одгледуваат необични видови на птици. Доколку сакате да бидете гостин на овој мотел ќе треба да платите 210 долари за едно ноќевање.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

n nn

727 Fuselage Home, Костарика

kosta rika

Комплетно реставрираниот авион Боинг 727 од 1965 година претходно пренесувал туристи низ Јужна Африка, а денес има улога на раскошен двособен хотел кој ги поседува сите услови за сместување и пријатен одмор на гостите. Хотелот е лоциран на територијата на националниот парк Мануел Антонио, а од неговите прозорци се гледаат живописните џунгли на Костарика. Сместувањето во овој хотел чини околу 400 долари за едно ноќевање.

kostarikaa

krika

Jumbo Hostel, Шведска

svedska

Недалеку од стокхолмскиот аеродром Арланда, сместен во авионот Боинг 747 од 1976 година се наоѓа хотелот Jumbo Hostel. Ентериерот на хотелот е дизајниран во стилот на седумдесетите. На местото на некогашните 480 места за седење, сега постојат 27 хотелски соби уредени според сите највисоки стандарди. Цената за едно деноноќие изнесува 1 223 долари за едно ноќевање.

sveds sveds

- Реклама -