Денес е неверојатно лесно да создадете фото измами. Толку лесно што речиси е невозможно да убедите некого дека лажна фотографија е вистинска.
Но во минатото, уште од првата лажна фотографија во 1830-те, создавањето лажни фотографии било многу лесно. Ова се некои од најпознатите лажни фотографии во историјата.
Првата лажна фотографија
Во 1830-те неколку изумители се труделе да го усовршат совршениот фотографски процес – можеби го знаете името на победникот, господин Луј Дагер. Хиполит Бајард не го добил истото внимание за неговиот фотографски процес по што тој решил да го искаже своето незадоволство со оваа фотографија во која, наводно, е прикажано неговото самоубиство.
Вистинската прва лажна фотографија
Вилијам Мамлер ја има честа да биде првиот човек кој создал фотографија со „дух“. Во 1861 година тој создал фотографија со мистериозна жена во позадината. Мамлер претпоставил дека е грешка но неговиот пријател бил заинтересиран бидејќи жената изгледала како неговата мртва братучетка, по што фотографијата наскоро го добила епитетот „првата фотографија на дух“.
Самовилите од Котингли
Во 1920 се појавила серија фотографии во кои наводно две девојчиња си играат во градината со неколку самовили. Неколку експерти ги прогласиле фотографиите за вистински а дури и Артур Конан Дојл се согласил. Дури во 1970-те било докажано дека фотографиите се лажни.
Кафената Дама од Рејнам Хол
Една од најпознатите паранормални фотографии била направена од капетан Прованд и Индре Шира, двајца фотографи од магазинот Country Life кој го фотографирале Рејнам Хол во Норфолк во 1936 година.
Според нив, додека тие ги поставувале своите фотоапарати на скалилата се појавила жена дух па тие решиле да направат фотографија. Кафената Дама била дел од митологијата на Рејнам Хол уште во 1835 година, но оваа фотографија е последниот „доказ“. Можеби само сакала да биде видена по што отишла во пензија.
Фотографијата на хирургот
Од многуте лажни фотографии на чудовиштетот од Лох Нес, ова е првата и најпознатата. Фотографијата била направена во 1934 година од британскиот хирург Полковник Роберт Вилсон, и неколку години беше сметана за најдобриот доказ дека Неси навистина постои.
Несреќниот Турист
Оваа фотографија се појави неколку дена по 11 септември 2001 година. Фотографијата наводно била развиена од филм во камера најдена во срушената зграда. Многу луѓе веруваа дека е вистинска но набрзо потоа беше докажано дека е лажна. Набрзо потоа започна тренд во кој овој несреќен турист беше вметнат во историски фотографии со катастрофи.